Конор Мек Грегор остана без својот Bentley Continental GT!
Според Irish Independent, Мек Грегор бил уапсен поради насилно возење на автопат во Ирска.
Полицијата наводно добила дојава дека некој дивее по патиштата во Даблин во Bentley, а откако го запреле возилото, било утврдено дека се работи за ММА борачот, UFС ѕвездата – Конор Мек Грегор. Мек Грегор е уапсен и однесен во станица, а автомобилот му е привремено одземен.
Во своја одбрана Мек Грегор рекол дека брзал „во теретана“. Полицијата направила тестови за алкохол и наркотици, кои UFC борецот ги поминал без никакви проблеми. Конор е ослободен од затвор, но според некои извори, тој сè уште го нема добиено назад својот Bentley Continental GT.
Мек Грегор во изминатите неколку години ги полни колумните во весниците не со своите настапи во рингот или октагонот, туку надвор од него. Тој беше вклучен во голем број инциденти, почнувајќи од напад на постар човек кој одби да биде почестен со вискито на Конор, до неодамнешниот судир со извесен рапер (МГК) на церемонија на доделување награди.
Мек Грегор е голем љубител на скапи автомобили. Покрај гореспоменатиот Bentley, поседува и неколку автомобили од марката Rolls-Royce, Lamborghini Aventador во кабриолет и купе варијанта, има и BMW i8, како и Lamborghini Urus…