Конечно стартуваше производството на „електричниот голф“
Volkswagen го стартуваше производството на електричниот хечбек ID.3
По надминување на проблемите со софтверот, а потоа и застојот на производството предизвикано од пандемијата на коронавирус, конечно фабричките ленти од фабриката Цвикау во Германија се рестартирани.
Како што соопштува портпаролот на компанијата, пазарното лансирање е предвидено за престојното лето.
„Нашата цел е да испорачаме 30.000 возила од првата серија на ID.3 што е можно поскоро“, велат во Volkswagen.
Пред привременото затворање на фабриката во германскиот град Цвикау поради пандемијата на коронавирус, од Volkswagen имаше најава дека дневно во објектот ќе се склопуваат повеќе од 100 примероци на ID.3.
Volkswagen наскоро планира во погон да пушти и втора производствена лента на која ќе се склопува вториот електричен модел, кросоверот ID.4.
Во фабриката во Цвикау ќе се произведува и електричниот кросовер Audi e-tron Sportback, како и електричниот модел на Seat базиран на концептот el-Born.
Пред стартот на производството во Цвикау, Volkswagen веќе започна со производство во својата фабрика во Братислава, каде што се склопуваат модели како Porsche Cayenne, VW Touareg и Audi Q7.