Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.09.2022 година

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,215 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,740 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 97,50 ден/лит

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,754% или за 24,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,619% или за 30,200 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,034% или за 22,200$/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,505% или за 15,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,4987 ден/$ и е за околу 0,132 % понизок од курсот на доларот (61,5802 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка