Конечно мал пад на цената на горивата!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 15.03.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 45,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,393 ден/кг.