Разликата помеѓу највисоката и најмалата плата е 55 милиони долари

Луис Хамилтон повторно ќе биде најплатениот пилот во Formula 1 во 2019 година, откако Mercedes го награди за неговата нова шампионска титула. Себастијан Фетел и Даниел Рикардо, ја дополнуваат најплатената тројка.

Австралиецот отиде нагоре на листата на најплатени пилоти откако го напушти Red Bull и потпиша за Renault, Фернандо Алонсо кој беше во самиот врв ја напушти Formula 1, а Кими Раиконен ќе заработува помалку со одењето во тимот на Sauber. Макс Верстапен ќе биде помалку платен од неговиот поранешен тимски колега.

Најмалку пари ќе заработи дебитантот Александар Албен, додека Роберт Кубица ќе има највисока плата од сите нови возачи за сезоната која е пред нас.

Детали за примањата на сите возачи во приложеното видео.

https://youtu.be/u1RaO08WwQ0