Колку ќе заработат Formula 1 sвездите во 2021 година
По половина година напнатост и шпекулации и само месец и половина пред почетокот на новата сезона, F1 шампионот и челниците на Mercedes, конечно потпишаа договор со најголемата ѕвезда на патеките Луис Хамилтон
Од почетокот на годината, седумкратниот светски шампион беше без договор за 2021 година, но во понеделникот и официјално ја продолжи соработката. Секако, со новиот договор Хамилтон само ја зголеми предноста на ранг-листата на возачи со најголема плата во Formula 1.
Еве колку пари ќе добијат десетте најплатени „пилоти“ во најбрзиот циркус на четири тркала во 2021 година:
- Луис Хамилтон – Mercedes – 40 милиони фунти
- Макс Ферстапен – Red Bull – 18,2 милиони фунти
- Шарл Леклерк – Ferrari – 10,2 милиони фунти
- Даниел Рикардо – McLaren – 10,2 милиони фунти
- Себастијан Фетел – Aston Martin – 7,3 милиони фунти
- Карлос Саинц – Ferrari – 7,2 милиони фунти
- Фернандо Алонсо – Alpine – 6,6 милиони фунти
- Валтери Ботас – Mercedes – 5,8 милиони фунти
- Серхио Перез – Red Bull – 4,4 милиони фунти
- Кими Раиконен – Alfa Romeo – 3,6 милиони фунти