Причините кои вообичаено се наведуваат за таквите забрани се недостатокот на почит кон автомобилите на брендот и самиот бренд

Џастин Бибер

Повеќето брендови сакаат да имаат познати клиенти со големи имиња. Фотографирањето на овие јавни личности со производ на компанијата може да направи одлична работа за продажбата и репутацијата на брендот.

Сепак, Ferrari е малку poinakov за тоа како се гледаат и перцепираат неговите производи. Ова доведе до гласини дека италијанскиот производител на суперавтомобили ги ставил Ким Кардашијан и Џастин Бибер на својата „црна листа“. Сепак, вистината е многу покомплицирана …

Од време на време, различни медиуми објавуваат „списоци“ на познати личности на кои Ferrari им забраниl да ги купуваат своите возила (тука сме мора да признаеме и ние, како и многу други македонски медиуми). Една таква листа која неодамна ја сподели Zyri наведе имиња како Флојд Мејведер и 50 Цент, како и Ким Кардашијан и Џастин Бибер.

Ким Кардашијан

Причините кои вообичаено се наведуваат за таквите забрани се недостатокот на почит кон автомобилите на брендот и самиот бренд.

Ова вклучува и тешки естетски модификации кои наводно се спротивни на желбите на компанијата. На крајот на краиштата, во тоа е лесно да се поверува, бидејќи на DJ Deadmau5 доби забрана поради трансформација на своето Ferrari во „Purrari“ со тема Nyan Cat. На страна модификацијата, лошото возење или лошата презентација на возилото во јавноста често е начин да се изгуби наклонетоста на Ferrari.

DJ Deadmau5

Сепак, во интервју за шпанскиот магазин Marca, италијанскиот производител на автомобили ја разјаснува вистината за ситуацијата.

Компанијата не ги ставила овие лица на црна листа. Џастин Бибер, Ким Кардашијан или речиси кој било друг на листата може утре да оди во застапништво на Ferrari и да избере нешто. Всушност, дури и ако италијанскиот производител сака да ги стави овие познати личности на својата црна листа, тоа би било неизмерно тешко.

Автомобилите лесно може да се купат преку некој друг или на пазарот на половни автомобили, велат од Ferrari. Некои автомобили, како La Ferrari или Enzo пред него, секогаш се произведувале во ограничени количини, а првата опција секогаш е дадена на одредени клиенти.

„Ferrari“ го задржува правото да одлучува за специјалните изданија“, се вели во соопштението на брендот за Marca, нагласувајќи го својот претпазлив однос кон овие модели. Иако луѓето како Кардашијан и Бибер можеби нема да можат да го добијат најдоброто, најексклузивното Ferrari, тие секогаш можат да изберат модел од сериско производство.