Колку долго можете да возите на резерва? Еве како да пресметате точно
Кога на инструмент таблата ќе се вклучи сјаличката која сугерира дека возилото е на резерва кога станува збор за гориво, некои возачи паничат и веднаш застануваат на првата бензинска пумпа, додека некои поискусни продолжуваат да возат додека не ја исцедат и последната капка гориво од резервоарот
Ова второто воопшто не се препорачува затоа што честото возење на минимум може да ја оштети пумпата за гориво, како и филтерот за гориво во кој може да влезат мали нечистотии или талог од дното на резервоарот.
Е сега, да се вратиме на прашањето – уште колку може да се вози на резерва? Има многу мерења и истражувања, но само вие знаете колку троши вашиот автомобил во просек, а тоа е најважниот податок. Претпоставката е дека во резерва има околу пет литри гориво, но точната количина ќе ја добиете на едноставен начин. Кога ќе се вклучи сјаличката за резерва, веднаш на бензинска пумпа, и наполнете го резервоарот до врв. Бројот на наполнети литри одземете го од капацитетот на резервоарот според фабричките податоци и го добивате количеството на гориво кое останува во резервоарот откако ќе се запали сјаличката. Погледнете ја просечната потрошувачка и споредете ја со количината на гориво што останува во вашиот резервоар.
Со некои возила може да се помине повеќе од 70 километри на резерва, со други помалку од 40… Сепак на крајот, се зависи од вашиот стил на возење, како и од тоа каде возите, во град или на отворено.