Колку може да помине стар германски автомобил со безалкохолен пијалок во моторот?

Не е нешто што досега не е направено, но секако интересно да се види. Овој пат експериментот е дело на украинските блогери од DreamCar, кои за своето искуство користеле стара Opel Manta (1970-1975).

Во сервис моторното масло било целосно исцедено, а наместо него се внесени 4 литри од популарниот безалкохолен пијалок Кока-Кола. Колку ќе издржи автомобилот? 4 или 10 минути? 

Во еден момент,  по 5 минути и 44 секунди движење, воздухот замирисува на Кока-Кола и моторот се гаси. Потоа моторот е целосно изваден во сервисна станица, за да се види штетата. На кратко – ништо добро. Веројатно нешто слично се случува со телото на лицата кои редовно го консумираат овој пијалок.