![Кока-Кола наместо моторно масло – нов експеримент / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/03/maxresdefault-8.jpg)
Кока-Кола наместо моторно масло – нов експеримент / ВИДЕО
Колку може да помине стар германски автомобил со безалкохолен пијалок во моторот?
Не е нешто што досега не е направено, но секако интересно да се види. Овој пат експериментот е дело на украинските блогери од DreamCar, кои за своето искуство користеле стара Opel Manta (1970-1975).
Во сервис моторното масло било целосно исцедено, а наместо него се внесени 4 литри од популарниот безалкохолен пијалок Кока-Кола. Колку ќе издржи автомобилот? 4 или 10 минути?
Во еден момент, по 5 минути и 44 секунди движење, воздухот замирисува на Кока-Кола и моторот се гаси. Потоа моторот е целосно изваден во сервисна станица, за да се види штетата. На кратко – ништо добро. Веројатно нешто слично се случува со телото на лицата кои редовно го консумираат овој пијалок.