Економично возење е релативен концепт, бидејќи зависи од голем број на фактори – тежината на возилото, аеродинамиката, состојбата на патот, присуството на ветер и уште многу други нешта

Важна улога играат и трансмисијата (потрошувачката при возење во осми степен на пренос со автоматски менувач е различна од онаа во петти степен на пренос со мануелен менувач), па затоа е доста тешко да се определи со каква брзина треба да се движи автомобилот за да троши најмалку.

Сепак, некои експерти се обидуваат да дознаат што точно е потребно. Тие се категорични дека податоците за потрошувачката од производителот неможат во никој случај да се земат за веродостојни, бидејќи се постигнати во лабораториски услови.

Според сеуште важечката европска методологија NEDC (New European Driving Cycle), резултатите се пресметуваат кога возилото забрзува до дозволената во град брзина од 50 km/h за не помалку од 25 секунди. При пресметување на комбинирана потрошувачка, значи вклучително и возење надвор од град, забрзувањето е до 70 km/h. При таа брзина и максимален степен на пренос, се мери потрошувачката на гориво. Стрелката на обртомерот во шести степен на пренос треба да биде околу 1500 вртежи во минута.

Се верува дека 70 km/h е оптимална брзина за горивна економичност, бидејќи нема потреба, на пример, од нагло кочење во свиоци и нагло забрзување потоа. Со 70 km/h, можно е да се преминат речиси сите свиоци и кривини на главните патишта во Европа, со исклучок на планинските патишта.

Покрај тоа, методологијата за испитување NEDC вклучува и исклучување на климатизацијата и мултимедијалниот систем, како и предните светла и електронските асистенти. Сите тие користат електрична енергија, што исто така води кон зголемување на потрошувачката на гориво.