Може, но во Лондон, и за 20.000 фунти

Lamborghini Aventador како автомобил во авто школа? Градење на возачки навики зад воланот на италијанскиот суперавтомобил? Да, можно е, но само во Лондон. И можеби некои арапски земји.

На кратко, приказната е следнава. Раперот KSI одлучил да го продаде својот Lamborghini Aventador LP700-4, па така автомобилот со V12 погонска единица станува сопственост на едно училиште за идни возачи.

Точно е дека денешните супер автомобили се многу попогодни за секојдневна употреба од нивните претходници во 1970-те или 1980-те, но Aventador? Со оглед на неговата роботизирана трансмисија со една спојка или скоро никаква видливост за маневрирање наназад? Да не ги спомнуваме реакциите на автомобилот што лесно може да изненади почетник возач…

Како и да е, возачките курсеви зад воланот на Aventador сигурно ќе ви донесат елеганција, но тие не се евтини. Курсот чини 20.000 фунти, за возачи кои бараат 10 часови возење во некои помалку оптоварени делови од лондонскиот сообраќај.