Нова битка во режија на Carwow

Porsche новиот 911 Turbo S го претстави на почетокот на март, а кога некоја компанија произведува ваков автомобил, тогаш сака да ги покаже своите технолошки достигнувања.

Porsche 911 Turbo S е импресивен автомобил, а моќноста на моторот е 650 КС, или 70 КС повеќе од претходникот, додека максималниот вртежен момент е 800 Nm. Тоа е доволно за 911 Turbo S да забрза од место до 100 km/h за само 2,7 секунди, а до 200 km/h за нешто повеќе од 9 секунди. Максималната брзина е 330 km/h.

Рамо до рамо во оваа трка е Audi RS3 со 716 КС и 760 Nm максимален вртежен момент. Може ли да му се спротивстави?