Кои земји имаат најдобри, а кои најлоши патишта? Каде е на таа листа Македонија?
Според последните официјални податоци кои датираат од 2019 година (The Global Economy), Македонија е некаде при дното на европската листа со оценка 3,40
Постојат различни истражувања, но листата на The Global Economy e една од најрелевантните. Квалитетот на патната инфраструктура во Европа многу варира и често предизвикува многу дебати. Мапата во прилог дава широк преглед на квалитетот на патиштата во Европа. Она што е лесно забележливо е поделбата исток-запад. Многу поранешни советски држави и земји во Источна Европа се оценети со индекс 4,0. Во западната половина на Европа, повеќето земји имаат резултати над 4, па дури и над 5.
Холандија ги има најдобрите патишта во Европа, а потоа следи Швајцарија. Овие земји дури и на глобално ниво се во врвот (2-ро и 3-то место). Сингапур ги има најдобрите патишта во светот.
Податоците за оваа карта доаѓаат од извештајот за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум за 2019 година, во кој биле оценети 141 земја, а темите се различни. За нас, најинтересен детал оценката на патната инфраструктура. Некои од овие проценки се резултат на истражување на мислењата на водечките луѓе во различни индустрии. На 78 прашања одговориле дури 12.987 директори, од кои се барало да се процени состојбата за одредени области на државно ниво. Едно од овие прашања било: Во вашата земја, каков е квалитетот (степенот и состојбата) на патната инфраструктура? Луѓето можеле да дадат оценка од 1 (исклучително лошо – меѓу најлошите во светот) до 7 (исклучително добро – меѓу најдобрите во светот).
Според податоците за 2019 година, Македонија е некаде при дното, а ако тоа е за утеха, зад нас е Босна и Херцеговина, Во глобални рамки, Македонија не е ниту меѓу 100-те најдобри. Анкетите се спроведуваат од 2008 година. Постои субјективност во секое истражување, но резултатите се дефинитивно индикативни.