Кои се најпродаваните автомобили во Европа?
Во Топ 3 за периодот јануари-мај има два модели на Volkswagen
Експертите од Focus2Move ја составија најновата листа на најпродавани автомобили во Европа. Топ 10 се однесува на периодот јануари-мај оваа година.
Лидер во рангирањето е Volkswagen Golf. Во периодот за кој станува збор, Европјаните купиле 242.740 единици, што е зголемување за 8% во споредба со јануари-мај 2017 година. Второто место го држи VW Polo со 161.157 продадени единици, иако има пад во продажбата за 3%. Првата тројка ја комплетира Renault Clio, од кои 160.920 примероци биле регистрирани на европскиот пазар, или 0,3% помалку од истиот период минатата година.
Четвртата позиција во рангирањето е за Ford Fiesta, од која во Европа се купени 135.923 единици во периодот јануари-мај, или 4% помалку од минатата година. Петто место е за кросоверот Nissan Qashqai, со продадени 132.087 единици или раст од 1%.
Втората петорка од Топ 10 ја чинат Skoda Octavia (125.468 единици, + 9.6%), Volkswagen Tiguan (125.298, + 2.7%), Ford Focus (116.997, + 3.7%), Peugeot 208 998, + 2,9%) и Citroen C3 (101.008, -3,7%). Од Focus2Move наведуваат дека рангирањето во споредба со јануари-мај 2017 година е доста променето и единствените модели кои ги задржуваат своите места се Volkswagen Golf и Nissan Qashqai.