Бестселерот од Волфсбург, VW Golf, е дефинитивно најбараното возило во скоро сите европски земји

Кои автомобили најчесто ги бараат Европјаните на платформата за продажба на користени и нови возила AutoScout24? Кај електричните автомобили на прво место е Tesla Model S. Во годишниот извештај на веб-страницата за продажба на возила AutoScout24, наречен Европски извештај 2020, овој автомобил е на врвот во скоро сите земји. Renault Zoe, BMW i3, Tesla Model 3 и Audi e-tron ја следат Tesla Model S на европската ранг-листа за пребарување.

Renault Zoe е најбаран во Франција. Иако германските производители можат само спорадично да бидат меѓу првите пет најбарани електрични автомобили, во Европа сликата е сосема поинаква кога станува збор за автомобилите со традиционални мотори со внатрешно согорување каде германските возила се на врвот: VW Golf (3,78 проценти), BMW 3-Series (3,14 проценти), Mercedes C-Class (2,55 проценти), BMW Х Series (2,47 проценти) и Mercedes E-Class (2,19 проценти).

Бестселерот од Волфсбург, VW Golf, е дефинитивно најбараното возило во скоро сите европски земји. Со еден исклучок – во Франција повеќе клиенти бараат Ford Mustang (2,79 проценти) отколку VW Golf (2,32 проценти).

Во однос на пребарувањето по брендови, на прво место е Mercedes-Benz (13,87 проценти), следен од BMW (12,82 проценти), а трет е Volkswagen (11,44 проценти).

Комплетниот извештај можете да го погледнете на следниот линк.