Кои марки најмногу профитирале од трендот наречен „теренци“ во последните 20 години
Во суштина, само неколку марки забележале подобра продажба откако SUV сегментот го презеде приматот. Барем кога станува збор за европскиот пазар.
Податоците презентирани од JatoDynamics укажуваат на постепено зголемување на продажбата на SUV модели во последните две децении. Не така одамна, во 2000 година, хечбек автомобилите имаа пазарен удел од дури 46%, додека кросоверите и сличните модели учествуваа со само 3,7%. Од тој момент започнува постепеното опаѓање на испораките на хечбек модели и зголеменото присуство на SUV моделите. Веќе во 2010 година, хечбек класата има удел од 42%, додека SUV моделите се искачуваат на 10%…
Посебно е интересно да се прегледа низ децениите за одредени марки на Стариот континент кога станува збор за продажбата на возила во сегментот Б и Ц. Многу е интересно што, споредено со податоците за продажбата кај субкомпактните возила, растот на испораките споредбено 2001 и 2021 година постигнале само Volkswagen и Ford.
Врз основа на податоците за периодот од јануари до август, германскиот бренд пред две децении имал 249.387 регистрации во целиот Б сегмент, додека годинава остварил 339.227 испораки. Во 2001 година, Ford продаl вкупно 172.290 возила во оваа пазарна ниша, а оваа година речиси 195.000…
Ако хечбек моделите во сегментот Б некако и успеаја да ја зачуваат својата продажба, оние од покомпактна класа целосно го положија оружјето пред налетот на теренците. Речиси ниту една од споменатите марки (Volkswagen, Renault, Peugeot, Citroen, Ford, Opel), односно ниту еден од нивните класични претставници во сегментот C нема подобра продажба денес од пред 20 години. Исклучок е Seat, чиј Leon е поуспешен од 2001 година…
Уште повеќе, целиот Ц-сегментот е сериозно помал во споредба со периодот од пред само пет години, што доволно зборува за огромните промени што се случуваат во автомобилската индустрија.
Некои марки особено пропаднаа… Таков е Opel, кој за време на Astra G во 2001 година за периодот од јануари до август реализирал дури 378.409 возила продадени во класата хечбек / караван. Годинава во истиот период регистрирале помалку од 40.200 регистрации! Слично е и со Ford, Американците во 2001 година имале продажба од 380.625 единици од Focus испорачани во Европа, а оваа година 55.759…
Само кога резултатите од продажбата ќе бидат претставени на таков детален начин, може да се разбере колку SUV трендот ги „изеде“ другите класи, а останува прашањето дали автомобилската индустрија навистина профитираше од овој прилив на лажни теренци…