
Кои автомобили се загреваат побрзо? Дали е важна бојата?
Во топли денови, внатрешноста на автомобилот е како врела рерна. Но, дали сте сигурни дека автомобилите со темна боја се загреваат побрзо и повеќе од посветлите автомобили? Интересно, разликите не се толку големи колку што мислите
Според кулинарските експерти, доволно е да се постигне соодветна температура во рерната, за месото не само да биде подготвено за јадење, туку да има и совршен вкус. Кулинарските експерти советуваат дека некои јадења може да се подготват на температура од 60 степени целзиусови.
Слична температура е лесно да се измери во салонот на црн автомобил кој е изложен на сонце во топол ден. По само 4 часа, површината на црниот автомобил се загрева до 65 степени Целзиусови! Загреаноста на бел автомобил за истото време и под исти услови е само до 44 степени. Но ова не се единствените заклучоци од летниот тест спроведен од германскиот авто клуб ADAC.
Германците поминале неколку часа проверувајќи седум идентични примероци од Dacia Duster кои биле изложени на сонце (тестот започнал на пладне).
Се покажало дека салонот на црниот автомобил бил само 5 степени потопол од белиот. Се разбира, дури и овие 5 степени се сепак голема разлика за патниците кои треба да се справат со топлината во автомобилот. Значи, не е предрасуда да се каже дека автомобилите со посветла боја се подобро решение за топлите денови.
Црна кожа и опасност од изгореници на рацете!
Темната боја е од големо значење кога станува збор за внатрешниот дизајн. Експертите на ADAC предупредуваат дека традиционалниот црн волан може да се загрее до повеќе од 70 целзиусови степени. Ова, пак, значи висок ризик од изгореници на кожата на рацете! Затоа, кога го оставате автомобилот на паркинг, подобро е да користите разни додатоци кои спречуваат прегревање на внатрешноста на возилото.
Тестот на ADAC покажал дека најефикасно решение е церада или покривка. Благодарение на неа, кабината на автомобилот се загреала само (или до) до 43 целзиусови степени. Тоа е дури 10 степени помалку од моделот без никаква заштита од сончевите зраци. Традиционалната покривка поставена на шофершајбната, исто така, функционира добро. Слична покривка поставена во кабината е веќе резултат од 49 степени. Белата ткаенина (крпа, чаршаф) префрлена преку контролната табла, се покажала како најмалку ефикасна, бидејќи во кабината се измерени 50 степени по 4 часа неактивност. И ова не е крај.
Во тестот биле вклучени и два примероци, од кои едниот бил опремен со затемнети задни стакла. Разликата е само два степени, што не е многу. Експертите посочуваат дека затемнувањето на прозорците има јасен ефект врз оние што патуваат во задниот дел, бидејќи спречу прегревање на задното седиште – резултатите се 57, односно 48 степени целзиусови, соодветно.
Заклучоците се очигледни. Ако е можно, подобро е да се паркирате под сенка или да ги покриете прозорците и внатрешноста на автомобилот за да избегнете прегревање на кабината. Покрај тоа, останува да го прифатиме фактот дека пред влегување во автомобилот и возење, внатрешноста треба добро да се проветри, инаку ќе се соочиме со многу нелагодно и оптоварувачко патување.