Интересни резултати на британскиот портал Which

Поставеното прашање е следно: Кои автомобили се најсигурни, а кои најмногу се расипуваат – дизелите, бензинците, хибридите или plug-in хибридите?

Тие собрале информации од дури 55.000 возачи и дознале дека само 3 проценти од возачите на хибридни возила во 2019 година побарале помош од механичар поради дефект, па затоа се на самиот врв.

Кога станува збор за возачите на бензински автомобили, тука процентот е шест, односно 10% кај возачите на дизел автомобили. Процентот на оние кои најмногу имале проблем со некаков дефект е кај електричните автомобили, дури 16%.