Американците се познати по тоа што сакаат да ставаат V8 „монструми“ во стари лимузини, но оваа доработка се чини надминува се досега видено

И не доаѓа од Америка, туку од Шведска, каде знаат да изненадат со брутални измени на старите Volvo „цигли“ и Saab. Овој пат станува збор за можеби најпознатиот полициски и такси модел во последните неколку децении, моделот Ford Crown Victoria.

Обработката е страшна. Моделот носи ознака Meteor Interceptor, а оние што се подобро запознаени со воената технологија, веднаш ќе ја препознаат врската. Станува збор за погонската единица Rolls-Royce Meteor V12 некогаш движечка сила за тенковите на Германците со работен волумен од дури 27 литри.

Интересно, за Даниел Вернер, творецот на ова возило овој мотор не бил првиот избор. Првичната замисла била, да, мотор на Rolls-Royce, но Merlin од авионите Spitfire.

Тенковскиот моторот генерира над 550 КС и околу 2.000 Nm, но сега има нова управувачка електроника и две турбини. Црвеното поле се искачило на 3.000 вртежи во минута и наскоро ќе може да се врти до 4.000 вртежи во минута. Моторот над 300 кг има за цел, легендата на Ford да оди над границата од 320 km/h без да убие никој. Со оглед на се досега, веројатно и ќе се успее во намерата.