Целата каросерија на автомобилот е полна со вдлабнатини, светлата се скршени, ретровизорот виси…

Секој знае дека „град“ може да предизвика оштетување на бојата и каросеријата на автомобилот, но ретко кој би погодил дека оваа временска неприлика може да биде толку силна што може целосно да го уништи автомобилот.

Ова на потешкиот начин го научил возач на Tesla Model 3 кој бил погоден од град со големина на тениски топчиња до грејпфрут во Алберта, Канада. Возачот ги снимил моментите кога ледените блокови му го уништуваат автомобилот и сето тоа изгледа прилично страшно.

„Градот“ го погодил тој дел од Канада на 1-ви август, а возачот се движел по автопатот кога почнало страшното невреме. Бидејќи никаде не можел да се сокрие, решил да го запре автомобилот покрај патот и да се надева на најдоброто. Но, облаците немале милост. Врнежите траеле дури 10 минути, а како изгледало тоа од автомобилот погледнете во видеото.

Ветробранското стакло, панорамскиот покрив и задното стакло се целосно искршени, но некако се спротивставуваат на тешките парчиња мраз и на тој начин го штитат возачот од потенцијално смртоносни проектили. Внатрешноста е полна со скршено стакло, а покривот прокиснува.

Второто видео ја прикажува внатрешноста по невремето. Изгледа како некој да фрлил бомба во автомобилот, се е полно со парчиња скршено стакло, а во автомобилот протекува вода.

Во третото видео станува сосема јасно за каков „град“ станува збор. Целата каросерија на автомобилот е полна со длабоки вдлабнатини, светлата се скршени, ретровизорот виси од автомобилот… Проценката на штетата е веројатно „тоталка“ и автомобилот повеќе нема да вреди да се поправа.