![Кога дошол на паркингот, имал што да види: „Ми украдоа делови од BMW-то вредни 20.000 евра!“](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/06/o_25124663_1280.jpg)
Кога дошол на паркингот, имал што да види: „Ми украдоа делови од BMW-то вредни 20.000 евра!“
Од изгледот на преостанатите делови, може да се заклучи дека станува збор за шестата генерација на Серија 3 (F30), произведена помеѓу 2012 и 2018 година.
Повеќето сопственици на автомобили се загрижени кога ги паркираат своите автомобили на јавни места поради можноста да им се случи „нешто“ несакано со нивните метални миленици преку ноќ, но сопственикот на ова BMW Серија 3 имал уште полошо искуство.
Неговата Серија 3 била целосно „соголена“ преку ноќ, вклучувајќи го целиот преден дел и контролната табла, со проценета штета од околу 20.000 евра.
Инцидентот се случил во областа Линденплац во Хилден, Германија, минатиот викенд. Неименуван 22-годишен сопственик на Серија 3 го оставил својот автомобил заклучен на паркинг преку ноќ. Рано утрото две лица забележале дека автомобилот е „канибализиран“ од крадци и ја известиле полицијата.
Автомобилот е непрепознатлив бидејќи му недостига целиот преден дел, вклучувајќи го браникот, хаубата и фаровите. Крадците украле и неколку делови од моторниот простор, оставајќи го автомобилот на лице место. Вообичаено крадците ги таргетираат тркалата или катализаторите на паркираните возила, но во овој случај на ум имале други делови.
Интересно е што кражбата не завршила тука, туку продолжила во кабината на BMW-то. На автомобилот му недостига целиот склоп на контролната табла, воланот, таблата со инструменти, дисплејот од инфозабавниот систем, рачката на менувачот и централна конзола, како и неколку украсни делови на вратите.
Од изгледот на преостанатите делови во кабината, може да претпоставиме дека станува збор за шестата генерација на Серија 3 (F30), произведена некаде помеѓу 2012 и 2018 година. трошоците за поправка звучат сосема точно, иако за сопственикот можеби има повеќе смисла да купи нов автомобил наместо да го поправи овој хаос.