Клучевите од автомобилите имаат три тајни функции, еве како се активираат
Денешните автомобили се преполни со нови технологии и многу трикови кои се таму за да го олеснат животот. Истото важи и за нивните клучеви
Клучевите од автомобилот денес се многу подалеку од само заклучување и отклучување на вратите, далечинско стартување на автомобилот и звуци кои го олеснуваат наоѓањето на автомобилот на паркинг.
Некои од нив имаат функции за кои сопствениците воопшто и не се свесни, но скоро сите ги имаат овие три:
Истовремено спуштање на сите прозорци
Една од најчестите скриени функции на многу од денешните клучеви е способноста да ги спуштите сите прозорци и истовремено да го отворите отворот на покривот со притискање на едно копче.
Кај повеќето клучеви кои ја имаат оваа функција, треба да притиснете на копчето за отклучување, а потоа уште еднаш на истото копче (во рок од десет секунди) и да го држите се додека не се спуштат сите прозорци.
Вовлекување на ретровизорите
На некои автомобили, ретровизорите автоматски се вовлекуваат како дел од процесот на заклучување на вратите. Кај други, оваа функција не е автоматска, но сопственикот мора да знае како да ја активира.
На пример, кај поновите Chevrolet и GMC возила, сопственикот треба да го задржи копчето за заклучување на автомобилот, за ретровизорите да се вовлечат.
Механички клуч
Многу сопственици веројатно не се свесни дека во нивните клучеви постои механички клуч. Тој е таму за да им се овозможи на сопствениците да го отклучат возилото и во случај кога батеријата е испразнета, или во случај на дефект на клучот.
Клучот обично се наоѓа на дното и треба да притисне посебно копче, кое кај повеќето дигитални клучеви е на видливо место).