Кинезите направиja автомобил на водород со автономија од 1000 km
Овој модел го носи името на британски физичар од деветнаесеттиот век
Создадена во 2016 година, кинеската компанија Wuhan Grove Hydrogen Automobile Co. го покажа својот прв завршен проект – прототип на водороден автомобил наречен Grove.
Станува збор за комбе со продолжен преден капак и наназад поместена патничка кабина. Предниот дел од Grove потсетува на моделите на Maserati, но кинескиот автомобил не е толку хармоничен. Сите негови панели на каросеријата се направени од карбон, а погонот е на водородни ќелии – со хемиска реакција водородот се претвора во електрична енергија, која го задвижува електричниот мотор.
Компанијата соопшти дека моделот го крстиле по британскиот физичар и пронаоѓач Вили Роберт Гроув. Главната карактеристика на автомобилот е неговата огромна километража со едно полнење – 1000 километри. Од компанијата тврдат дека дека резервоарот за водород се полни за само неколку минути, а Grove e комплетно зелено возило – од издувните цевки излегува само водена пареа.