Кинески Top Gear во епизодата: „Овa се најлошите кинески автомобили!“ / ВИДЕО
Ако во 90-тите години, се уште можеше да се прават шеги со кинеските автомобили, денес целиот свет има почит кон кинеската автомобилска индустрија, која на многу начини држи чекор со светот. Понекогаш и повеќе од тоа, особено ако се земе во предвид популарноста на електричните погони и разновидноста во понудата. Сепак, постојат исклучоци …
Водечкото трио на култната емисија Top gear на BBC отсекогаш знаел како да ги направи автомобилите интересни, дури и за оние кои воопшто не ги интересираат. Сега ова водечко трио од исток пробало нешто слично.
Американскиот сајт Jalopnik открил шоу во кое се тестирани токму такви возила исклучоци. Не мора да разберете ништо од тоа што се зборува, сè ќе ви биде јасно, бидејќи сликата доволно кажува, особено тестовите во стилот на Top Gear.
Првиот модел кој е тестиран е исклучително лоша дизајнерска копија на Bugatti Chiron, чиј погон е „минијатурен“ бензински мотор. Следи Dayang Chok, неверојатно бавен електричен автомобил. Последниот во редот е кинеската верзија на Reliant Robin, славниот модел на три тркала кој Дел Бој го возеше во култната серија Only Fools and Horses, со бензински мотор сместен во задниот дел.
Патем, сите овие автомобили се едни од најевтините на пазарот, така што Dayang Chok чини околу 3.900 американски долари, репликата na Bugatti околу 5.000 американски долари, а најевтин е моделот на три тркала со цена од околу 3.100 американски долари.