Кинеските власти издадоа соопштение, поврзано со укинувањето на протекционистичката регулатива, која не дозволува странските производители слободно да ги продаваат своите возила

Имено, царинските давачки се огромни, а производителите мора да влегуваат во заеднички вложувања со локални компании, во кои не можат да имаат поголем удел од кинескиот партнер.

Овие мерки се воведени уште во далечната 1994 година, како дел од напорите за промовирање на кинеските компании, како и да се ограничи влијанието на богатите западни компании кои уште тогаш го увидоа огромниот потенцијал на кинескиот пазар.

Овие ограничувања ќе бидат укинати веќе оваа година за компании кои во Кина продаваат електрични возила, бидејќи владата се обидува да воспостави контрола над брзиот раст на загадувањето во земјата и со цел мотивирање на еколошкиот транспорт.

Ова особено ќе ја израдува Tesla, бидејќи американска компанија сака да изгради фабрика во Шангај, а исти амбиции има и Nissan, кој сака да биде водечка компанија во Кина кога станува збор за електрични автомобили.

Повеќето производители на автомобили малку веројатно дека ќе извлечат значајни придобивки од новите мерки, барем не наскоро, бидејќи партнерствата со кинеските фирми веќе се доста продлаболени во последниве години, со добро утврдена програма. Ова е веројатно само првиот чекор кон, најверојатно, целосното отворање на кинескиот пазар.