Брзиот раст и развојот на кинескиот пазар на автомобилi не се во можност да го следат сите производители, па дури и некои од најголемите

Поместување на фокусот на клиентите од мали градски автомобили на седани, кросовери и луксузни модели го принудија јапонскиот Suzuki да се повлече од Кина.

Suzuki го продаде и својот последен удел во партнерството со локалниот производител Changan автомобили препуштајќи му ги своите 50% сопственост.

„Пред околу 25 години, во Кина го лансиравме Alto и од тогаш се обидуваме да се прилагодиме на кинескиот пазар. Сепак, со постепениот премин на Кинезите на поголеми возила, донесовме одлука да се повлечеме“, вели директорот на Suzuki, Осаму Сузуки.

Јапонскиот производител на автомобили сепак ќе ја задржи лиценцата за производство и продажба на Suzuki модели во Кина, а предавањето на сосопственоста нема да влијае на финансиите на компанијата.

Во меѓувреме, Suzuki продолжува со својот амбициозен глобален план, како што е целта од 5 милиони продадени единици годишно во Индија до 2030 година.