Светска премиера за Mercedes EQC / ФОТО

Германскиот премиум гигант Mercedes-Benz го претстави EQC, својот прв целосно електричен SUV

„Безбеден, тивок и елегантен, но пред сè – вистински Mercedes”, така накратко е опишан новиот EQC на светската премиера во Стокхолм.

Електричниот SUV модел EQC е првиот автомобил на Mercedes-Benz, кој е лансиран под брендот EQ или електричната дивизија на Daimler.

Моделот е малку поголем од од Mercedes GLC, со поголемо меѓуоскино растојание или речиси како E-Class.

Батеријата од 80 kWh инсталирана на подот овозможува EQC да помине околу 500 километри помеѓу две пополнувања. Два електрични мотори се задолжени погонот или по еден за предната и задната оска. Задниот е помоќен, а предниот е задолжен за поефикасно користење на енергијата. Заедно располагаат со околу 400 КС со 765 Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0-100 km/h со погон на сите тркала трае околу пет секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 km/h.

Во салонот се истакнува мултимедијалниот систем MBUX, кој премиерно беше прикажан во новата А-Class, а од него се очекува да понуди бројни EV функции.

Mercedes својот прв електричен SUV ќе го произведува во објектот во Бремен, каде што прави и најпродаваниот модел – седанот C-Class, а ќе започне во првата половина од следната година.

Во Mercedes тврдат дека EQC ќе биде профитабилен и ќе го понуди најдобриот „пакет“ во споредба со своите ривали, но колку сето тоа ќе чини, не кажуваат.

Daimler ќе инвестира десет милијарди евра на глобално производсто на батерии, а во план се 10 потполно целосно електрични модели до 2022 година.

„Нема алтернатива за обложување на електрични автомобили, па затоа вложуваме сè, а ова е само почеток”, вели извршниот директор на Daimler, Дитер Четче.