Почнувајќи од следната година корејскиот бренд најавува активности кои се дел од „Plan Ѕ“

На почетокот од следната година, Kia официјално ќе го претстави Plan S (каде „S“ значи „Смена“ односно „Shift“ на англиски“). Според сторијата на Automotive News, извршниот директор на брендот, Хо Сунг Сонг сака да ја промовира Kia како „подинамичен бренд со повеќе стил и склоност кон иновации“. Во превод, Сонг сака Kia да стане бренд кој е повеќе насочен кон електричните автомобили. Ветувањето е најмалку единаесет електрични автомобили со ознака Kia до 2025 година. За таа цел, корејскиот производител подготвил 25 милијарди американски долари.

„Треба соодветно да се подготвиме за сè што не чека“, вели Сонг во едно интервју. „Ќе се обидеме да допреме до нови клиенти со повторно позиционирање на пазарот“.

Претстојните електрифицирани модели со амблемот на кој пишува Kia, ќе бидат поставени на нова, ценовно умерена платформа со комерцијално име Electric-Global Modular Platform (E-GMP), која брендот ќе ја дели со матичната марка Hyundai. Благодарение на фактот дека самата архитектура ќе биде попристапна, Kia очекува дека во резултатите од продажбата на марката, возилата од EV сегментот ќе учествуваат со 20%, до 2025 година. Тогаш тој процент само ќе расте, барем до 2029 година.

Дел од приказната за репозиционирање на брендот се однесува и на промоцијата на новиот беџ на компанијата, кој беше претставен премиерно на концептниот модел Imagine виден во текот на 2019 година.