Kia Sorento собра две нови награди за дизајн
Новиот Kia Sorento кој досега повеќе пати е наградуван, во колекцијата додаде уште две глобално реномирани награди
SUV предводникот на Kia е добитник на наградите Red Dot и iF Award за дизајн на производ.
Со овие последни признанија, Kia ја продолжува својата извонредна серија на успеси во овие две конкуренции. Kia Soul е првиот модел кој има добиено Red Dot награда во 2009 година, а во текот на годините, уште 26 модели на Kia ја добиле оваа посакувана „црвена точка“. Во изборот iF Award, бројот на наградувани возила на Kia се искачи на вкупно 21 со новиот Sorento.
Наскоро по премиерата минатата година, новиот Sorento беше почестен за неговиот извонреден дизајн во изборот за „Автомобил со погон на сите тркала за 2020 година“ од Auto Bild Allrad. По кратко време, ја доби најважната германска автомобилска награда, „Златен управувач 2020“ во класата „Големи SUV изведби“, а во март годинава е изгласан за „Светски автомобил на жените за 2021 година“ во категоријата „Голем SUV“.
Новата генерација на Sorento е создадена помеѓу двете дизајн студија на Kia. Карим Хабиб, раководител на центарот за глобален дизајн, коментира:
„Кога го дизајниравме новиот Sorento, се обидовме да ја развиеме робусната естетика на претходните генерации притоа применувајќи поголем степен на префинетост и елеганција. Навистина, концептот на „рафинирана смелост“ го инспирираше целиот процес – со резултат да биде зрел и избалансиран, но и сигурен дизајн. Воодушевени сме што престижните награди како Red Dot и iF го препознаа ова дело“.