Kia претстави голема лимузина со 4×4 погон
K8 доаѓа си „паметни“ седишта и нов систем за асистенција на возачот
Kia го претстави наследникот на K7 (Cadenza) – голема лимузина по име K8. Автомобилот доаѓа со необичен дизајн, погон на четири тркала, избор од четири мотори, а воедно е првата Kia со новото лого на брендот.
Базната Kia K8 ќе биде достапна со ажурирана верзија на 1.6-литарскиот T-GDI 4-цилиндерски турбо мотор со директно вбризгување на гориво. Помоќната верзија располага со 2.5-литарски мотор со 198 КС и 258 Nm. Топ верзиите пак ќе доааѓаат со 3.5-литарска единица Smartstream, достапна во две бензински верзии – 240 КС и 314 Nm и 300 КС и 359 Nm.
Сите мотори (освен најмалиот) работат на 8-степен автоматски менувач. Најмоќната верзија доаѓа со систем 4х4, додека сите останати се со погон на предните тркала.
Kia K8 е опремен со „паметно“ возачко седиште Ergo Motion Seat со специјален режим „воздушно истегнување“, со кој се активираат воздушни џебови во делот на грбот и бутовите, создавајќи ефект на истегнување. „Smart Support“ се активира во режимот Sport (при големи брзини), обезбедувајќи максимално вклопување на телото на возачот во седиштето.
Седиштето на возачот е прилагодливо во осум насоки, а сите останати седишта во автомобилот се со вентилација и греење. На списокот со опрема K8 има и три-зонска клима, посебна единица на мултимедијалниот систем и USB-порти за патниците од вториот ред.
Закривениот преден панел ги комбинира 12-инчен екран на инструмент таблата и дисплеј од мултимедијалниот систем со иста големина. За аудио забавата е одговорен системот Meridian со 14 звучници, Surround звук. Тука е и проекциониот дисплеј со дијагонала од 12 инчи, кој на стаклото пред возачот ги прикажува сигналите на асистент системите, податоците за навигација и брзината на автомобилот.
Она што е особено интересно е дека Kia K8 добива и нова верзија на системот за асистенција на возачот Drive Wise. Системот вклучува спречување на фронтален удар, интелигентен темпомат, примање информации од навигација во реално време и асистент за автопат. Опремата вклучува и кружен систем за видео надзор, асистент за паркирање што овозможува далечинско управување на автомобилот, како и девет воздушни перничиња.
Продажбата на седанот во Јужна Кореја ќе започне во април, за од есен да се појави и во други земји. Шансите за продажба на K8 во Европа засега се многу мали.