Електричниот кросовер Kia EV6 е севкупен добитник на изборот Auto 2022 од престижното британско списание What Car?, а дополнително стана и електричен SUV на годината. Тоа е само вториот електричен автомобил кој станал автомобил на годината – првиот во 2019 година беше Kia e-Niro

Најновата награда за автомобил на годината за Kia EV6 е продолжение на рекордниот број награди и признанија од водечките меѓународни медиумски експерти во последните 10 месеци откако овој модел на Kia се појави на патиштата по неговата глобална премиера. Меѓу нив се и победата во категоријата „Премиум автомобил“ во рамките на германскиот избор за Автомобил на годината, како и наградата за кросовер на годината во изборот на To Gear. Kia EV6 се наоѓа и во потесниот избор за европски автомобил на годината за 2022 година, чиј победник ќе го дознаеме на 28 февруари. 

Покрај EV6, награден е и теренецот Kia Sorento, кој e победик во категоријата „влечен автомобил на годината“, награда која  „What Car? ја доделува во соработка со Британскиот клуб за кампување и караван. Sorento 2.2 CRDi со 8-брзински менувач со двојна спојка е избран од жирито како идеален автомобил за оние кои сакаат да влечат приколки за одмор или товарни приколки.

Моќниот дизел мотор на Sorento овозможува влечење приколки со тежина до 2.500 килограми, а покрај тоа, овој голем SUV нуди до седум седишта, пространа кабина и простор за товар, како и технолошки и практични функции кои обезбедуваат удобност за сите седум патници.