На приложените скици прикажан е целосно новиот Kia CEED за 2018 година, непосредно пред премиерата закажана за 15 јануари на салонот во Детроит

Новите цртежи даваат уметнички стилизиран увид во седан верзијата на Ceed, која ги носи ознаките Cerato или Forte на одредени пазари. Во овој момент не е јасно дали цртежите ја покажуваат верзијата, Cerato, европскиот Ceed, или овој пат производителот ќе го воедначи стилот за сите пазари.

Седан верзијата на CEED, која на пазарот во САД е именувана како Forte, е трета генерација на лимо изданието и како таква е повеќе еволутивен дизајн отколку радикална промена во однос на својот претходник. Промените треба да обезбедат дополнителна нота на агресија.

Производителот вели дека Ceed треба да има „спортска и динамичка нота“, инспирирана од стајлингот на Stinger, со поставување на кабината повеќе наназад, во споредба со сегашниот модел кај кој е применет таканаречениот cab-forward пристап.

Новиот светлосен потпис, имплементиран во LED технологија, е присутен и на предниот и задниот дел од автомобилот и најверојатно резервиран само за најпрестижните нивоа на опрема. Индикаторите на насока се поместени од положбата на составен дел од светлосните групи кон браниците.

Многу е веројатно дека и задните светлосни групи ќе бидат поврзани хоризонтално, на начин што веќе можевме да го видиме кај Kia Sportage.

Најголемите промени ќе се случат во внатрешноста на возилото, каде веќе застарениот ентериер станува помодерен, поедноставен и е во согласност со сегашниот стајлинг, во поглед на технологијата.

„Пловечкиот“ таблет своето место го наоѓа на централната конзола, а ќе се намали и бројот на копчиња во зоната, со цел подобрување на ергономските решенија од стариот модел. Многу е веројатно дека само копчињата кои служат за контрола на климата ќе останат достапни како посебни команди.

Се очекува и поспортски волан, инспириран од аеронаутички компоненти, преземени од многу успешниот,дизајнерски гледано, Stinger.