![Ќе продолжи ли да расте продажбата? Германија постепено ги укинува субвенциите за купување на електрични автомобили?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/11/287388_Volvo_C40_Recharge_Fjord_Blue.jpg)
Ќе продолжи ли да расте продажбата? Германија постепено ги укинува субвенциите за купување на електрични автомобили?!
Германија веќе планираше да ги укине субвенциите за возила, но овие идеи беа отфрлени од експерти од автомобилската индустрија
Растечката продажба на електрични автомобили е секако делумно мотивирана од субвенциите за нивно купување. Automotive News Europe пишува дека германското Министерство за економија сака да ги укине субвенциите за plug-in хибридни возила до крајот на 2022 година и да ги намали субвенциите за електрични возила почнувајќи од 2023 година.
Новиот план ќе ја суспендира сегашната стимулација од 4.500 евра за plug-in хибридите, додека субвенциите за електрични возила ќе паднат од 6.000 евра на 4.000 евра од следната година и 3.000 евра од 2024 година.
Германија веќе планираше да ги укине субвенциите за возила, но овие идеи беа отфрлени од експерти од автомобилската индустрија.
Шефицата на германското лоби на производители на автомобили, VDA, Хилдегард Мулер, изјави дека plug-in хибридите служат како пионери за преминот кон електрична мобилност, а укинувањето на субвенциите ќе го загрози зголемувањето на електричната мобилност. Сето ова ќе биде голем тест за целата индустрија на електрични возила и нивната популарност. Што се однесува до plug-in хибридите, тие тешко дека ќе преживеат во новите околности.