Шефот на Stellantis, Карлос Таварес, смета дека забрзаната електрификација е многу голем предизвик за автомобилската индустрија и предупредува на последиците во блиска иднина.

 

Карлос Таварес за Reuters вели дека постои надворешен притисок од владите и инвеститорите врз производителите на автомобили вештачки да ја забрзаат електрификацијата, што има многу висока цена.

„Трошоците го надминуваат она што автомобилската индустрија може да си го дозволи“, вели првиот човек на Stellantis.

Производителите се принудени да инвестираат огромни суми во фабриките, а потоа треба да се справат со повисоки производствени трошоци (во споредба со традиционалните автомобили), што ги загрозува работните места и квалитетот на возилата, објаснува тој.

Главниот проблем е што електричните автомобили на почетокот чинат повеќе, а со зголемувањето на цената се намалува и обемот, бидејќи има се помалку клиенти кои можат да си дозволат нов автомобил, без оглед на подоцнежните помали трошоци за „гориво“.

„Она што е одлучено е да се наметне електрификација на автомобилската индустрија, што носи 50 отсто повеќе трошоци во споредба со конвенционалните возила“, вели Таварес. „Нема начин да се префрлат 50 отсто од дополнителните трошоци на крајниот клиент, бидејќи повеќето луѓе од средната класа нема да можат да платат за тоа“.

Карлос Таварес подвлекува два можни пата: зголемување на цените, што значи продажба на помалку автомобили или прифаќање помали профитни маржи. Според него, кратења ќе има и во двата случаи.

Може да се изгубат илјадници работни места, но тоа не е се. Производителите би сакале да имаат повеќе време за тестирање, бидејќи во спротивно квалитетот ќе биде поткопан.

„Забрзувањето на електрификацијата ќе биде само контрапродуктивно. Тоа ќе доведе до проблеми со квалитетот, што ќе иницира цела низа проблеми“.

Според Карлос Таварес, компанијата има намера да избегне кратења со зголемување на продуктивноста над нормалата во индустријата од 2-3 проценти на 10 проценти. Ако добро се разбира, Stellantis на овој начин ќе ги намали трошоците и ќе може да си дозволи план за забрзана електрификација или барем да ги минимизира негативните ефекти.

„Во следните пет години треба да се откажеме од 10 проценти од продуктивноста годишно, во индустрија која е навикната да има подобрување на продуктивноста од два до три проценти. Кој ќе може да издржи, а кој ќе пропадне ќе покаже иднината. Автомобилската индустрија е ставена на голем тест“.

Електричните возила стануваат поконкурентни и нивните трошоци се намалуваат. Се надеваме дека паритетот на трошоците ќе се постигне во не така далечна иднина, но преодната фаза несомнено ќе биде многу предизвикувачка за етаблираните производители, кои треба да го променат најголемиот дел од она што го прават со децении и подолго.

Од друга страна, компаниите се ставија во непријатна позиција со занемарување на електричните автомобили во последните 10-20 години, наместо да развиваат еден до два модели годишно и постепено да се подготвуваат за полесна транзиција. Лансирањето на Tesla Model S во 2012 година беше крајниот момент за тоа.

За време на Stellantis EV Day митингот во 2021 година, компанијата најави инвестиција од 30 милијарди евра во електрификација до 2025 година. Стимулацијата вклучува нови платформи и модели, постројки за батерии и нови технологии.

Карлос Таварес, исто така, додава дека „владите треба да го префрлат фокусот од климатската политика кон чистење на енергетскиот сектор и развој на инфраструктура за полнење на електрични возила“.