Караван од сништата: Audi A6 Avant e-tron Concept / ФОТО+ВИДЕО
Електричниот концепт A6 e-tron на Audi беше премиерно претставен во седан верзија во април минатата година на Саемот за автомобили во Шангај (серискиот модел може да се очекува во 2023 година), а сега е претставена и неговата караван или Avant верзија.
Овој караван долг речиси пет метри има два електромотори со вкупно 476 КС и 800 Nm, додека со едно полнење на батериите од 100 kWh ќе може да помине до 700 km (25 минути се доволни за полнење до 80 проценти капацитет на батеријата со користење на 800-волтен систем за полнење).
Концептот A6 Avant e-tron е долг 496 cm, широк 196 cm и висок 144 cm, коефициентот на отпор на воздухот е 0,24, додека тркалата се 22 инчни.
Според претходните најави, ова е еден од 20-те нови модели кои Audi ќе ги лансира до 2025 година, со серискиот модел базиран на новата платформа PPE (Premium Platform Electric).
Во гамата се очекува основната верзија со еден електричен мотор и погон на задните тркала, како и помоќна варијанта со два електромотори и погон на сите тркала.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1lCRMvnJ-KNrY2mndxu30HrqixZdkcJ8D” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Основната верзија од 0 до 100 km/h ќе забрзува за помалку од седум секунди, а топ верзијата за помалку од четири секунди.
https://youtu.be/ULskrwAZstw