Снимката е направена во Швајцарија

Да не е снимен настанот, некој би помислил дека автомобилот е оштетен во судир при значително голема брзина, а не со „играње пинг-понг“ на влезот во една гаража. 

Ова е буквален опис на тоа што му се случило на возачот на овој Volkswagen Passat во караванско издание.

Возачот нагло завртил кон рампата за влез во јавна гаража, без да ја прилагоди брзината на конфигурацијата на свиокот и своите возачки способности. Лошата проценка довела до оштетување на обете страни на возилото, но и на подот. И токму кога ќе заглави по третиот и во исто време најсилен удар, возачот решиава да не се откаже. Со малку напред-назад и уште неколку удари возачот успева да го исправи автомобилот и да излезе од тунелот за влез. Што направил потоа не е познато.

Сите индикации се дека станува збор за уште еден возач кој ја заменил педалата за сопирање со онаа за забрзување. Е тогаш, брзината и паниката си го прават своето.