Каков шок! Францускиот министер за финансии вели дека Renault би можел да исчезне
Бруно ле Мер, министерот за финансии во Владата на Францija, предупреди дека без помош, Renault може да пропадне, но и дека е неопходно оваа компанија да се прилагоди на новите услови на пазарот.
Ле Мер ја отфрли можноста за најавеното масовно затворање на фабриките, дополнувајќи дека не смее да има голема загуба на работни места. „Фабриката во Флинс мора да продолжи да работи“, вели министерот за финансии во изјава за Радио Европа 1. „Без државна помош, Renault би можел да исчезне“, дополнува Ле Мер.
Тој додава дека извршниот директор на Renault и управата напорно работат на создавање нов план што ќе му овозможи на овој производител да остане конкурентен на пазарот, a притоа да го минимизира бројот на отпуштени работници, особено во Франција.
Иако медиумите од Германија и Велика Британија тврдат дека државниот заем за Renault вреден 5 милијарди евра е „веќе готова работа“, Бруно ле Мер вели дека сè уште не потпишал ништо и дека преговорите сеуште се во тек.
Францускиот министер потврдува дека владата е отворена за давање помош и на други компании од светот на автомобилската индустрија, алудирајќи на групата PSA, но дека е неопходно за брендовите кои сакаат помош да заштедат работни места и да го вратат производството од странство во матичната земја.
Бруно ле Мер вели дека очекува француските производители како Renault да посветат поголемо внимание на развојот на возила кои испуштаат помалку штетни гасови во иднина.
Renault треба да ја претстави новата стратегија заедно со Nissan и Mitsubishi на 27 мај. Се очекува поголема синергија меѓу трите производители, пред се заради големите предизвици што претстојат.