„Возеше како дивјак, а кога сфати дека го снимам, полуде“.

Минатата среда на автопат близу Лос Анџелес се случиле серија сериозни инциденти предизвикани од маскиран возач во Tesla автомобил.

Два инциденти снимила камерата на еден од оштетените возачи, а на видеото се гледа како агресивниот возач на Tesla скока од автомобилот и со палка ги крши стаклата и вратите на друго возило.

Возачот кој го доставил видеото на полицијата и медиумите тврди дека се започнало кога агресивниот возач на видел дека неговото несовесно возење се снима на камера.

„Возеше како дивјак, а кога сфати дека го снимам, полуде. Излезе од возилото и почна да удира во мојот автомобил.

Во тој момент не знаев што да правам, размислував да го прегазам, но тогаш наместо жртва, јас ќе станам криминалец. Од полицијата ми кажаа дека ова не е единствениот инцидент на тој возач, туку дека го бараат со месеци поради низа слични напади.

Се надевам дека ќе го фатат што поскоро’ – заклучил возачот кој сакал да остане анонимен.