Иако не се напишани во сообраќајните закони, постојат некои правила според кои луѓето се придржуваат во сообраќајот, а кои не се многу јасни и познати за вештачката интелигенција

Во животот, како и во сообраќајот, постои она што човекот го нарекува непишани правила – работи што се невообичаени или не се според пишаните правила, но луѓето ги прават и во најголем дел ги одобруваат. На пр. едно од непишаните правила во сообраќајот е дека во колона при престројување на повеќе автомобили, се пропушта секој втор автомобил. Тоа е непишано правило познато на повеќето луѓе и се применува од повеќето, но секако, без специјално тренинг за вештачката интелигенција и прилагодување на алгоритмите, компјутерите во автономните автомобили не би го сториле тоа во сообраќајот.

Јасно е дека автономните возила мора да ги почитуваат сите закони и правила, но важно е тие да ги знаат и спецификите на однесувањето во сообраќајот во одредени градови. На пример, во Питсбург, каде Uber ги тестира своите автономни автомобили, постои непишано правило „Питсбург лево (Pittsburg Left)“, а во суштина, станува збор за одземање на предноста на крстосници. Кога ќе се појави зелено на семафорот, возачите треба да ги пропуштат возилата од спротивната насока пред да свртат лево, но во тој град може да очекувате дека првите возачи ќе побрзаат и ќе свртат лево пред колоната од спротивната насока да се придвижи.

Uber, Waymo, Aurora и други компании кои развиваат автономна технологија треба да размислуваат и да ја научат вештачката интелигенција за вакви и слични работи. Значи, за да се постигне идеалниот соживот на патот помеѓу човечките и роботските возачи, компјутерите мора да бидат подготвени за специфичните сообраќајни модели на кои луѓето се навикнати. На пример на местата каде се тестираат автономни автомобили, возачите најмногу замеруваат на почитувањето на ограничувањата, растојанието помеѓу возилата, додека компјутерите не очекуваат возачите да направат одредени сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во непишани правила.

Значи, имало случаи кога автомобилите свртеле полукружно на патишта каде што не треба (и без да го активираат сигналот за вртење), така што прво забавиле. Додека на луѓето им е јасно дека автомобилот забавува бидејќи ќе сврти полуѕкружно, компјутерите не се свесни за тоа и одеднаш сопираат, што може да предизвика да бидат удрени од автомобил зад нив. Сличен е случајот со патиштата каде луѓето сакаат да возат со поголема брзина од дозволеното, а компјутерите се придржуваат кон ограничувања, така што другите автомобили ги поминуваат, иако не треба, што може да доведе до опасни ситуации.

Ова се само некои од ситуациите за кои компаниите кои развиваат автономна технологија треба да размислат и треба да ги решат пред роботските автомобили да ги преземат патиштата, а луѓето, веројатно ќе треба да се прилагодат на некои нови непишани правила поставени од вештачката интелигенција.