![Како Вебер и Шарапова се забавуваат со најмоќното Porsche / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/04/2018-porsche-911-gt2-rs-6.jpg)
Како Вебер и Шарапова се забавуваат со најмоќното Porsche / ВИДЕО
Porsche објави интересно видео во кое главните ликови се руската тенисерка Марија Шарапова и поранешниот пилот во Formula 1 – австралискиот возач Марк Вебер
Двајцата официјални амбасадори на брендот го возат тркачкиот суперавтомобил GT2 RS на тест патеката во Зуфенхаузен. Машината е најмоќниот модел во гамата на брендот во моментов и е опремен со надграден 3.8-литарски бензински мотор со 6 цилиндри со зголемени турбокомпресори и подобрен систем за ладење.
Моќта на единицата е 700 КС со 750 Nm вртежен момент, во комбинација со 7-брзински автоматски менувач.
Минатата есен, Porsche 911 GT2 RS постави апсолутен рекорд на Северниот лак на патеката Нурбургринг меѓу стандардните автомобили. Купе моделот патеката долга 20,6 километри ја мина за 6 минути и 47,3 секунди.