Популарноста на електричниот модел на јапонскиот Nissan продолжува да расте, а продажбата на овој тип на возила бележи речиси 10 отсто раст

Имено, јапонскиот бренд минатата година ја претстави втората генерација на моделот Leaf, а продажбата започна во октомври.

Во текот на фискалната 2017 година, од моделот се продадени 54.451 примероци, што е за 15 отсто повеќе од 2016 година, кога биле продадени 47.423 примероци. Кога новата генерација на овој модел ќе пристигне во Латинска Америка, Азија и Океанија оваа година, продажбата сигурно ќе забележи доплнитетелн скок. Од официјалното лансирање на моделот Leaf во 2010 година, досега се продадени над 320.000 примероци ширум светот.

Извршниот потпретседател на Nissan, Даниел Скилачи, вели:

„Високите перформанси на електричните возила на Nissan се најдобар сведок на нашата експертиза во технологијата и приматот во сегментот на  електрични возила”, и додава „Nissan Leaf е најнапредното електрично возило во светот, што има голем придонес за големиот раст на нашата компанија во 2017 година. Тоа е најдобро продаваниот електричен автомобил во светот, и очекуваме успехот да се повтори и во 2018 година“.

Причина се најновата батерија и електроника, а Nissan Leaf е опремен со напредни технологии како автономно возење, паркинг и слично.

Иако во моментов на Leaf е најпродаваниот електричен автомобил во светот, мора да се забележи дека Tesla за својот Model 3, веќе има примено над 400.000 нарачки. Сепак, проблемите со производствот секако имаат големо влијание и на продажбата.