Како Tesla ја тестира безбедноста на своите автомобили? / ВИДЕО
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ја откри својата лабораторија за тестирање на безбедноста на своите возила
Лабораторијата на Tesla’s за краш тестови се наоѓа во седиштето на компанијата во Фримонт, Калифорнија, а тука се развиени и безбедносните системи за Model 3, кои се водечки во индустријата.
Доказ за безбедноста на моделот се максималните 5 ѕвезди во сите категории и најниска веројатност за повреда во историјата на тестовите на американската NHTSA, како и 5 ѕвезди на европските тестирања спроведени од EuroNCAP.
За да ја истакне инженерската работа која се вложува во безбедносните стандарди, Tesla објави видео преку кое дава увид во својата лабораторија.