
Како се тестира една Tesla на заледено езеро / ВИДЕО
Ова е вистински тест за електрични автомобили. Дали истите можат да функционираат во екстремни зимски услови?
Поентата е да се тестира како Tesla Model 3 и Model S можат да се справат со екстремни зимски услови, поостри отколку што можеме да доживееме во текот на нормална зима.
Електричните автомобили се генерално супериорни во однос на оние со SUS мотори, но студот, верувале или не, уште повеќе ги потенцира придобивките на електричните автомобили.
Електричниот погон овозможува лесно и непречено возење на снег. Вие дури и не треба да се грижите за успешно „стартување“ на машината. Електричното греење е брзо и ефикасно, а можете да ја користите апликацијата за загревање на автомобилот дури и пред неговата употреба.
Секако, автономијата е неизбежно намалена, но тоа е случај и со конвенционалните автомобили. Друг значителен недостаток може да биде значително пониската моќност за полнење на брзите полначи, бидејќи батериите треба да се загреат.
Погледнете го видеото во прилог.