Производството на Porsche Taycan започна уште во септември во фабриката во Зуфенахузен на Volkswagen

Станува збор за нова фабрика која е изградена пред четири години и се нарекува „фабрика на иднината“, бидејќи нема негативно влијание врз животната средина. Се користат обновливи извори на енергија, а струјата придвижува се, дури и со логистичките возила.

Porsche Taycan е направен со помош на екстремно напредни и прецизни роботи под надзор на високо квалификуван персонал.

Во клипот од 29 минути, можете да го видите процесот на изработка на еден Taycan, модел од кој првите единици до клиентите ќе бидат доставени во декември.

Овој електричен спортски автомобил со 4 врати може да развие до 750 КС, а од 0 до 200 km/h стигнува за само 9,8 секунди. Со едно полнење може да измине до 450 километри.