Mercedes EQA е најмалиот електричен автомобил на германската компанија од создавањето на серијата EQ

Германскиот производител минатата недела го претстави кросоверот EQA, како електрична алтернатива на конвенционалниот Mercedes GLA.

Првата варијанта што се појави на пазарот е EQA 250. Располага со 190 „електрични коњи“ и максимален вртежен момент од 375 Nm. Моќноста се пренесува на предните тркала, а електромоторот се напојува од батерија од 66,5 kWh.

Mercedes проценил дека автомобилот со полна батерија може да помине 426 километри, додека според застарениот стандард за мерење NEDC, автономијата на возење со едно полнење на батеријата достигнува 486 километри.

Во подоцнежна фаза по EQA 250, се очекуваат и други варијанти, со поголема моќност, но и со погон на сите четири тркала.

Цената на Mercedes EQA, вклучувајќи ги и субвенциите, во Германија започнува од 38.540 евра.