Како се прави автомобил од 3.000.000 долари? / ВИДЕО
Шведскиот производител на суперавтомобилот Koenigsegg покажа како тече процесот на изработка на едно од своите актуелни возила
Станува збор за последниот модел наречен Jesko, кој понатаму треба да добие и верзија со максимална брзина од 483 km/h. Моделот Jesko е именуван по таткото на сопственикот на компанијата, а погонот е 5.0-литарски twin-turbo V8 со 1.280 КС на бензин и 1.600 КС на етанол Е85.
До пред премиерата пред публика во Женева минатиот месец, Koenigsegg имаше продадено 83 примероци од наследникот на Agera RS, а резервирани се и останатите 42 единици од вкупно 125 единици кои се планирани за производство.
Цената на Koenigsegg Jeskо е 3 милиони долари, а производството на една единица трае 600-800 часови.