Не трошете пари на скапи освежувачи, бидејќи може и сами да ги направите!

Еден од начините вашиот автомобил да мириса долго и убаво е да се стават миризливи соли за бањање во сад со дупчиња во фиоката на автомобилот. Секој пат кога ќе ја отворите фиоката, ќе почувствувате пријатен мирис.

Свежите растенија и цвеќиња се исто така добар избор. Ставете ги во вашиот автомобил и ќе почувствувате пријатно освежување.

Лавандата е една од растенијата што најчесто се користи за оваа намена поради пријатниот и свеж мирис. Вреќичките со лаванда, освен што може да ги ставите меѓу преклопената гардероба во плакарот, погодни се и за автомобили.

Закачете мала вреќичка со лаванда на внатрешниот ретровизор, Секој пат кога малку ќе се протрие лавандата ќе ослободи нов пријатен мирис.

Натриум бикарбонат е незаменлив со цел да се соберат сите непријатни миризби што се акумулираат во автомобилот.