![Како се отвора автомобил без клуч за неколку секунди? / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/01/Untitled-1-1.jpg)
Како се отвора автомобил без клуч за неколку секунди? / ВИДЕО
Во овој случај, не ви е потребна ниту посебна опрема
На Youtube каналот ViralHog се појави интересно видео, кое покажува како возачот на автомобил од „Помош на пат“ за само неколку секунди без клуч или какви било специјални алатки и опрема отвора Hyundai Elantra.
Видеото е снимено во Канада, каде возачите на камионите за евакуација на оштетени или неправилно паркирани автомобили, истовремено делуваат и како Служба за помош на пат. Во таква ситуација се нашол и овој возач на Hyundai Elantra, кој го затворил својот автомобил со клучевите во него.
Човекот се обратил за помош на еден од овие возачи од службата, кој со проблемот се справил за неколку секунди.
Како? Погледнете во приложеното видео.