На BMW-то е отстранет капакот на багажникот, спуштен е покривот, а на подот од багажникот е заварена платформа со голем митралез

За жал, војните бараат брзо прилагодување, особено ако се браните од посилен непријател, а потоа сè што ќе најдете корисно станува оклоп во вешти раце или во овој случај смртоносно оружје.

Таква судбина го снашла и овој луксузен примерок на BMW Серија 6 во кабриолет издание од прва генерација, претставен преку видео снимено на улиците од Миколаев, град кој се наоѓа на брегот на Црното Море кој моментално е под руска опсада. Како што може да се види, капакот на багажникот на BMW-то е отстранет, а на подот е заварена платформа со голем митралез.

Станува збор за познатиот тежок митралез NSV од советската ера, калибар 12,7 mm, наменет за уништување на жива сила и лесен оклоп на земја, како и нисколетечки воздушни цели на надморска височина до 1500 метри.

Покрај боите на украинското знаме и грбот на оваа земја на автомобилот, на браникот на овој автомобил е напишана и порака за руските воени бродови, но бидејќи содржи несоодветни зборови нема да ја преведеме.